За нас

DIAS е луксузен бренд специјализиран за кожни производи, чевли, чанти, торби за патување, кожни аксесоари, менија, подметачи, престилки и останати кожни додатоци. DIAS производите се совршени како за поединци и лица со префинет вкус, така и за хотели, ресторани и други локали кои вистински внимаваат каков впечаток ќе остават кај своите посетители.

Нашето мото е ,, Живот без строги правила ,, . Токму затоа сите производи се внимателно дизајнирани и изработени, како би го подобриле и разубавиле Вашето секојдневие. Истовремено DIAS Ви дава совршена и ретка можност дел од производите сами да ги дизајнирате и креирате или пак дополнително да ги персонализирате. На тој начин сакаме DIAS како бренд да има посебна поврзаност со Вас, а нашите производи да бидат омилен додаток на Вашиот стил.

Персонализацијата или брендингот се врши преку класичниот сув жиг, жиг со фолија или со модерниот начин на ласерско гравирање. Се во зависност од потребите и желбите на клиентите, следејќи го дизајнот на производите.

DIAS како релативно млад и модерен бренд од година во година постојано ја зголемува програмата на производи кои ги нуди, а воедно и ја шири застапеноста на пазарот низ светот - особено преку се поатрактивната онлајн продажба.

Нашиот огромен мотив и пасија произлегува од познатата - Зошто да сте обични, кога може да бидете оригинални ?


 

Shipping

Доставата на производите се врши преку партнер-соработници за достава на пратки во зависност од адресата која вие ќе ја наведете. За нарачки над 3.000 денари доставата е бесплатна. За останатите нарачки доставата се доплаќа 120-180 денари. Вообичаеното време за достава е 3-5 работни дена. Во време на промоции времето за достава може да биде дополнителни 1-2 работни дена од вообичаеното. 

Со потврдување на онлајн нарачката значи дека ги прифаќате условите за продажба, условите и напатствијата за користење на производите, како и условите за враќање на одреден производ. Во продолжение кликнете за да ги погледнете истите.